ЗОИ 2018: Злато за Германките во боб

21.02.2018 | 21:51
Прочитано: 850

Германките Лиза Буковиц и Маријама Јаманка го овоија златниот медал во боб двосед на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Тие победија со вкупно време од 3:22.45 и за седум стотинки беа побрзи од второпласираните  Американки Елену Мејерс Тејлор и Лорен Гибс.

Бронзениот медал го освоија Кејли Хамфриз и Филисија Џорџ од Канада.

Германките со овој триумф ја прекинаа доминацијата на Канада од 2010 година во Ванкувер и од Сочи во 2014 година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.