ЗОИ 2018: Лундби го освои златото во скијачки скокови

12.02.2018 | 19:24
Прочитано: 1083

Норвежанката Марен Лундби денеска на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го освои златниот медал во скијачки скокови.

Лундби во првата серија скокна 105,5 метри, во втората серија 110 метри со што го потврди златото.

Скокот од 110 метри во финалната серија е најдолг оваа сезона во женска конкуренција.

Германката Катарина Алтхаус го освои сребрениот медал, а Сара Таканаши од Јапонија ја освои бронзата.

Лундби на Норвешка и го донесе третото злато на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.