ЗОИ 2018: Хокеарите на Словенија ги изненадија САД во Пјонгчанг

14.02.2018 | 18:37
Прочитано: 978

Хокеарската репрезентација на Словенија направи изненадување на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако по продолжение ги совладаа САД со 3:2 во првото коло од Групата Б.

Иако Американците по две третини имаа предност од два гола, сепак Словенија успеа да се врати во игра и да се избори за продолжение. Во дополнителниот период Словенците постигнаа погодок и забележаа изненадувачка победа против тимот на САД.

На другиот натпревар од оваа група Словачка по пресврт ја победи Русија исто така со резултат од 3:2.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.