ЗОИ 2018: Фуркад со фотофиниш до второто злато во Пјонгчанг

18.02.2018 | 15:01
Прочитано: 1602

Францускиот бијатлонец Мартан Фуркад триумфираше на трката на 15 километри масовен старт на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Фуркад на целта стигна со идентично време како Германецот Симон Шемп, но златото му припадна на францускиот олимпиец откако беше прегледана снимката од фотофинишот, на која тој е само неколку милиметри понапред.

Фуркад и Шемп трката ја завршија за 35 минути, 47 секунди и три десетинки, а зад нив беше олимпискиот шампион од 2014 година Емил Хегле Свендсен од Норвешка, кој ја освои бронзата.

Претходно, Фуркад го освои и златото во потера на 12,5 километри. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.