Златоустова литургија по повод собор на Св. Јован Крстител

20.01.2018 | 12:04
Прочитано: 1598

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан утрово по повод празникот собор на Свети Јован Крстител богослужеше златоустова литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Ново Лисиче.

Црквата уште во првите векови утврдила Свети Јован да се прославува веднаш по празникот Богојавление. Овој ден се вика уште и женски Водици затоа што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Свети Јован претеча и крстител се прославува неколку пати во текот на годината, а неговиот собор т. е. главниот празник е на денешен ден.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.