Живот под ведро небо

10.10.2018 | 17:32
Прочитано: 656

Роска Витанова  го губи нејзиниот дом во пожар, живее во импровизирана и трошна куќа која лошо и влијае на нејзиниото кревко здравје, после смртта на нејзиниот сопруг и најблиското семејство ја живее тегобноста на незивесноста со нејзината ќерка и внука.

Здравствената остојаба не и дозволува да заработува и да се грижи за себе, ниту нејзината ќерка може да ја остави подолго врме сама дома, бидејќи има депресија, и како што вели таа, од врме на време се губи и деструктивно се однесува. Сите три оставени сами на себе и нивната немоќ, изнемоштени со мала утеха и верба во човечноста,  денеска дојдоа  пешки  од наслебата Јурумлери, каде што живеат до пултот на Црвенииот крст во Момин Поток, по топол оброк.

„Ако може да ми се помогне, нека ми се помогне. Водата ми е загадена, во куќата имам дупка. Немам мебел, не можам да преживеам.“ - вели Роска Витанова.

Шееесет и петгодишната Роска преживува од социјална помош од илјада и петстотини денари, преплашена од зимата која доаѓа очајно го моли секој добронамреник да им помогне  како што вели таа, барем да имаат  огрев, не бара многу само  тоа што и следува, да  ја преживее зимата со чувство дека некој се грижи за ова тричлено исплашено смејество

„Социјалното ми е мало, не ми стига ни да ги школувам, ни да ги нахранам.“ - вели Роска Витанова.
 
Слична судбина преживуваат околу 180 бездомни лица од Скопје, од Црвениот Крст велат дека за жал  се зголемува бројката на оваа категорија на лица.

„Дали се зголемува поради фактот што имаме голем број на бездомници или тоа се лица скриени бездомници кои досега не се појавиле. До пред две недели, бројката на лица кои го посетувале пунктот изнесуваше 48-55 лица, а сега имаме зголемена бројка е 65.“ - Сузана Тунева Пауновска секретар на Црвен Крст на Скопје

Најчести причини поради кои овие лица останале бездомници, според секретарот на Црвениот краст е банкрот на одредени сопствени бизниси, нерешени семејни односи, алкохолизам, психички броблеми, депресии и разни нервни растројства. Сите нив ги како и Роска ги поврзува беспомошноста и надежта дека освен Црвениот крст ќе добијат поголема помош од државата и нивниот живот ќе добие похумана и човечка димензија.


Јасмина Спасовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.