Жители на тетовското село Урвич се жалат на дискриминација

12.06.2018 | 17:16
Прочитано: 10473

Ова  е тетовското село Урвиќ, во кое живеат над 1200 жители- Турци. И покрај проблемите со кои се соочуваат мештаните, кога ќе влезете во селото ќе ве пречекаат со насмевка на лицето.

Велат не им е лесно, бидејќи повеќе од 15 години се дискриминирани од властите и без работа. Поради лошата финансиска сотојба, и младите и старите,  90 проценти од нив одат на сезонска работа во странство.

Изреволтирани, одржаа протест пред училиштето. Најавија дека нека да ги пуштат децата на настава во септември, ако не се подобри  ситуацијата.

„Наместо да вработат што има тука луѓе со завршен факултет, се вработуваат луѓе со два дена работно време. Ова е листа етничка дискриминација.“ - вели Локман Таири- професор по оделенска настава.

Се надеваат дека институците нема да останат глуви за нив.

„Каква порака праќаме за овие деца и за што учат кога нема да се вработат. бараме поддршка од министерот за образование.“ - Локман Таири.

Иако има амбуланта која започнала да работи во 1973, денес и таа е празна. Велат ни самите не знаат зошто нема лекар.

„Амбулантата е опремена одлично за работа, но лекар немаме и одиме во Тетово.“ - вели Мухарем Исмали-жител на Урвиќ.

Во селото има 250 домаќинства. Како што не пречекаа, така и не испратија- насмеани и расположени за разговор. Продолжија со секојдневни обврски, со надеж дека властите нема да ги заборават и ќе им помогнат да ги решат долгогодишниот проблем.


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.