Жестока атмосфера за Законот за јазици

14.03.2018 | 14:21
Прочитано: 6449

Жестока атмосфера на стартот на собраниската седница на која на дневен ред е законот за употреба на јазиците. Опозицијата бара комисијата за деловничко мандатни и имунитетни прашања да одлучува дали пратениците имаат право да поднесуваат амандмани за закон вратен од претседателот на државата. Џафери кој што ја скокна точката за јазиците порача дека се уште собранието не ја отворило таа точка за таков предлог.

Илија Димоваски од собраниската говорница побара од мнозинството да не го крши деловникот и да не носи неуставен закон. Бидејќи зборуваше три пати повеќе од дозволеното Џафери му ги исклучи микрофоните.

Во Собронието во моментов е пауза од еден час по барање на опозицијата. Речеси сите пратеници се на седницата, а во Собранието по подолго време се појави поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Пред почетокот на седницата СДСМ се координираше со Зоран Заев, аВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.