Жена се соблече топлес на гласачкото место на кое гласаше чешкиот претседател
12.01.2018 | 19:08
Прочитано: 1204
Жена се обиде да го спречи чешкиот претседател Милош Земан да го оствари своето право на глас за време на претседателските избори во земјата.
На видеото што го објавија чешките медиуми може да се види дека жената се соблекува топлес и довикува погрдни зборови против Земан, но таа веднаш е совладана од страна на обезбедувањето.
Земан веднаш го напушти гласачкото место, откако ситуацијата беше ставена под контрола чешкиот претседател се вратил и го остварил своето право на глас.
Post new comment