Жбогар: Интеграцијата во ЕУ не е техничка вежба со планови и исцртани мапи

24.04.2018 | 19:52
Прочитано: 989

САД сака балканските земји да станат дел од ЕУ, затоа што овој чекор би претставувал најголема сигурност за стабилноста на регионот-порача американскиот аналитичар  Даниел Сервер, пред пратениците во Собранието, при презентирање на извештајот на ЕК.

Тој истака дека за  Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, освен европските услови и реформите што зејава треба да ги испорача, клучен е спорот со името. Сервер вели во Македонија голем проблем и натаму е владеењето на правото.

„Ова е неверојатна можност за членство во ЕУ. Ништо не е гарантирано, но претставува неверојатна можност да се стапи на патеката за членство во ЕУ и членство на НАТО.

„Дури ако ги направите сите нешта што ги бара ЕУ, дали Атина сè уште ќе биде проблем? Да. Тука имате два начини за понатаму, надолна спирала и поблиску до Русија, нешто што ќе донесе поделби. Другата е спирала која носи кон прифаќање на условите на ЕУ и НАТО. Сега единствениот ефективен начин да се усогласите со ЕУ и САД е да се усогласите со Атина. Знам дека е болно, но само тогаш НАТО и ЕУ ќе станат реалност за вас.“ - вели Даниел Сервер-американски аналитичар и поранешен директор на Институтот за мир во Вашингтон.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, пред полната сала во законодавниот дом, пак истакна дека за пофалба е политичката волја и заложбите на новата влада за краток период да ги спроведе дел од реформите. Ја  пофали и конструктивноста на  опозициската ВМРО-ДПМНЕ

„Извештајот го потврди напредокот на Договорот од Пржино, како и изборите од декември 2016 со што се даде  препорака за почнување  преговори со ЕУ. Она што ЕУ ќе го прави следните месеци е мониторинг на чекорите. ЕУ земјите членки ќе ги оценуваат реформските закони“ - изјави Жбогар.

Премиерот вети дека Македонија нема да сопре со реформите, очекува во јуни датум за старт на преговорите.

„Не чека работа сите нас. Свесни сме сите за моментумот што дава шанса за реализација на стратешка цел на Македонија.“ - изјави Зоран Заев-премиер на Р. М.

Претседателот на собраниската Комисијата за европски прашања, Артан Груби порача оваа препорака, иако не е прва, мора да биде последна.

„Овојпат и ние и Брисел трчаме заедно со ист чекор кон целта. целото наше општество, позиција и опозиција, ги ставија во мирувања своите потреби за повисока плата за подобро здравство и стандард. Увидоа дека 2018 е пресудна за нашата земја.“ - вели Артан Груби, претседател на Комисја за европски прашања.

Извештајот го поздрави и опозицијата.

„Враќањето на препораката е позитивен сигнал кој треба да резултира со датум за преговори.“ - изјави Невена Стаменковска.

Минатата недела Македонија доби позитивна и безусловна препорака во Извештајот за напредокот, но конечната одлука за датум за преговори треба да ја донесе Европскиот совет во јуни, спорот со името и натаму е главната кочница на македонските евроинтеграции.


Елена Милошeвска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.