Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Дебар и Струга

19.09.2018 | 18:46
Прочитано: 792

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер регистриран е попладнево во 17:10 часот во Албанија.

Потресот бил на длабочина од два километра, а епицентарот е на шест километри од градот Елбасан.

Потресот е почувствуван во Тирана, Прењас, Либраж и други делови на централна Албанија.

Освен вознемиреност кај граѓаните нема информации за материјална штета.

Поради близината земјотресот со послаб интензитет е почувствуван во  Дебар и Струга.

Инаку, во изминатото деноноќие ова е петти потрес регистриран во  Албанија. Претходните четири земјотреси се со јачина од 2 до 3,1 степени според Рихтер и со епицентар во близина на Тирана, Саранда, Драч и Бурел.

За два и пол месеци од првиот потрес, кој беше регистриран во близина на Драч до сега на територијата на оваа земја регистрирани се над илјада потреси.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.