Завршни зборови за лекарите од Гевгелија

13.09.2018 | 17:43
Прочитано: 18889

Со сочувство до семејството, трауми од трагичниот настан, но без чувство на вина во завршите зборови, во велешкиот суд денеска заврши судењето на тројцата лекари од гевгелиската болница, обвинети за смртта на родилката Mаја Kадиева и нејзиното новороденче.

Првообвинетиот анестезиолог Томчо Ванчев дури рече дека никогаш повеќе нема да и се врати на професијата. Во завршниот збор обвинителката побара лекарите да се осудат, бидејќи наместот како тим, дејствувале секој поединечно. Но, адвокатите на одбраната го негираат ова и велат дека лекарите немаат вина.

 

„Обвинителеството беше должно во текот на истрагата да ги испита сите можности и да ги утврди сите факти па да оди со обвинение. Не може да се донесуваат пресуди на база на медиумски пристисок или да се покренуваат постапки. Очекувам ослободителна пресуда.“ - изјави Милан Трајанов – адвокат на обвинетиот д-р Томчо Ванчев.

Задоволен што конечно заврши судењето, но со мачнини што последните две години морал да ги преживува одновно трагичните моменти од смртта на неговата сопруга и дете, Димитрија Кадиев вели дека лекарите мораат да сносат вина, оти анестезиологот бил пијан, а гинеколозите му дозволиле да работи во таква состојба.

„Јасно е дека тоа не се случило случајно, туку со вина. Мојата сопруга отиде здрава во болница и сега каде е. Имало пијани анестезиолози.“ - вели Димитрија Кадиев – сопруг на починатата родилка Маја Кадиева.

Според обвинението, пред речиси три години, анестезиологот Томчо Ванчев и гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов како тим направиле низа пропусти, со што придонеле за смртта на родилката.

Вештачењето утврди дека Кадиева починала од задушување, како резултат на интубацијата. Од дуга страна, одбраната тврди дека причина за смртта е реакција од лековите за анестезија. Кој е во право, а кој е виновен, ќе се знае на 21 овој месец, кога судијката Габриела Гајдова ќе ја соопшти пресудата.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.