Заврши амандманската расправа на комисијата за буџетот
07.12.2017 | 20:24
Прочитано: 1149
Комисијата за финансирање на буџет, заврши со амандманската расправа за буџетот за 2018-та. Опозицијата ја бојкотираше комисијата.
Од вкупно поднесените 279 амандмани беа прифатени 4 од ВМРО-ДПМНЕ и 2 од БЕСА. В сабота, државната каса оди на проверка на законодавно-правната комисија, а потоа буџетот ќе се врати во Владата.
Владата има пет дена, да ги вметне амандманите и повторно да го врати буџетот во Собранието.
Post new comment