Затворски казни за двајца од напаѓачите на Села

13.06.2018 | 17:23
Прочитано: 4414

Обвинетиот Цејо Георгиевски и покрај признание на вина, осуден е на затворска казна во траење од една година и два месеца, а Стојан Павлески, кој исто така призна вина за настаните од 27. април минатата година, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 - Скопје го осуди на три години затвор. 

„Не очекував вакво нешто. Висока е, нешто пониско од ова. Затоа да му спасиш на човек живот (на Зијадин Села), а да те осудат, немам коментар“ - изјави обвинетиот Стеван Павлески.

Во елаборацијата на одлуката судијката, Славица Андреевска, рече дека судот го имал в предвид тоа што обвинетите Георгиевски и Павлески го признале делото и дека покажале жал и каење за тоа што го сториле. Судот ценел дека иако обвинетите немале никаков мотив, сепак, свесно влегле во прес-салата на македонското Собрание, каде во тоа време биле „носителите на законодавната власт“, со што манифестирале „голема упорност“.

Судијката Андреевска потсети дека Павлески е лицето кое што прво го пробило полицискиот кордон и дека прв почнал да фрла со предмети по пратениците.

Сега осудените Георгиевски и Павлески, на минатото судско рочиште ја признаа вината и за нив постапката беше раздвоена од онаа која се уште е активна и се однесува на повеќе лица.  
 


Љубиша Станковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.