Застрашувачка бројка на самоубиства во Албанија

12.09.2018 | 13:32
Прочитано: 1222

Официјалната статистика соопштена од надлежните институции потврдува застрашувачка бројка на самоубиства во Албанија.

- Државниот институт за статистика ИНСТАТ соопшти дека во период од три години, 2015/2017 година, се регистрирани 659 самоубиства. За изминатиот период од оваа  календарска година сѐ уште нема официјална бројка иако, според полицијата и заравствените установи, тој број и понатаму загрижува, наведува тиранската телевизија Визион плус.

Според истиот извор, за неполни 24 часа се регистрирани три самоубиства.

Психолозите сметаат дека главните причини што доведуваат до самоубиство се психичко растројство, депресија, стрес, како и користење алкохол и различни видови дрога.

Стручните лица додаваат дека загрижувачка појава, која е во пораст, се обидите за самоубиство кај адолесцентите, поради влијанието врз нив  што го имаат  и филмовите.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.