Засилени контроли на трговските субјекти и угостители во Струмица за време на карневалот

13.02.2018 | 17:39
Прочитано: 992

Сите трговски објекти, угостителски капацитети и продавници ќе бидат мета на инспектори на УЈП за време на карневалот на кој се очекуваат десетици илјади посетители. Ќе контролираат дали даночните обврзници  кои вршат промет на добра и услуги ги регистрираат плаќањата и издаваат фискални сметки.

Вака најавија од регионаланта дирекција на УЈП од Струмица кои овие денови најавуваат засилени контроли.

„“ - Сите днаочни обврзници кои вршат данок на услуги и промет ќе бидат целна група на нашите инспектори. УЈП ќе ги ангажира сите расположливи ресурси за регистриранњље на промет и издавање на фискални сметки.“ - вели Лидија Гошева Пакетова - портпарол УЈП Струмица.

Паралелно од организациониот одбор на струмичкиот карневал  апелираат  до угостителите  и трговските објекти да не ги зголемуваат цените на производите и услугите оти на тој начин му се наштетува на ова манифестација.

„Карневалот е еден од начините да се подигне приход во градот.“ - Александар Цицимов – претседател на организациониот одбор.

Струмичкиот карневал стартува утре и во престојните седум дена ќе се одржат низа карневалски свечености и активности. Речиси во секој угостителски капацитет ќе се организираат маски под забави а главното дефиле  се очекува во сабота  со околу 2000 маски.

 


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.