Запален автомобилот на стилистот Арменд Рамадани

21.07.2018 | 17:22
Прочитано: 13001

Утрово беше запален џипот на познатиот стилист Арменд Рамадани пред неговиот дом. Се работи за џип од марката „Опел Антара“ и причинето е голема материјална штета. Случајот во полиција и пожарна го пријавиле неговите соседи, а неколку минути по опожарувањето се појавил и стилистот кој вели дека лично бил сведок на немилиот настан.

Вели дека и претходно сторителите се обиделе да го запалат и неговиот салон, но дека не успеале во намерата. Побара од надлежните институции веднаш да го расветлат случајот. Од МВР велат дека работат на целосно расветлување на случајот.


 

 

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.