ЗАМП: Авторите кои сметаат дека се обесправени можат да поднесат приговор

15.05.2018 | 17:28
Прочитано: 1079

Авторите кои сметаат дека се оштетени при распределбата на хонорарите може да поднесат приговор, и ако е направена грешка тоа ќе се поправи, велат од ЗАМП откако беше обелоденто дека податоците за работата и исплатите од страна на оваа организација се деловна тајна.

Сомнежите за работењето на ЗАМП се актуелизираа, откако, угостителите, радиодифузерите и фирмите, реагираа дека на оваа организација и плаќаат грдни пари, но дека немаат увид дали милионите завршуваат таму каде што треба.

Од ЗАМП одговараат дека Здружението го штитат законските и интерните акти кои ги одобруваат Министерството за култура и Владата.

„Нема привилигирани автори во ЗАМП. Со Закон а не со акт на организацијата се гарантира тајноста на примањата на авторите. Со Закон а не со интерна одлука ЗАМП ги објавува на својата веб страница собраните средства, начинот на распределба, завршната пресметка  и се што е битно за работата на Здружението.“ - стои во реакцијата од ЗАМП.

Сепак во објавите на ЗАМП нема податоци за поединечните исплати за кои има најмногу реакции во јавноста. За овие податоци во правилникот на ЗАМП стои дека може да се дадат само по барање од носителот на правата или во случај на судски спор.
Дел од авторите и јавно се пожалија дека при распределбата на надоместоците има фаворизирани и дискриминиарни автори, а поранешните членови кои го напуштија Здружението и формираа нова организација Соком МАП, во изјава за Проверено тврдат дека на чуден начин ЗАМП успева да остане монопол со секоја власт.

Според Министерството, поголема транспарентност околу наплаќањето на надоместокот за авторските права треба да гарантира изменетата законската регулатива чија подготовка е во тек.

„Наша цел како министерство за култура е да донесеме законско решение кое ќе биде европско и нема да биде на штета на ниту една од засегнатите страни.“ - изјави Петрит Сарачини, посебен советник за односи со јавност во Министерство за култура.

Министерството за култура ги повикува сите оние кои имаат некакви сомнежи за работењето на актуелната организација која го наплаќа надоместокот да ги пријават пред истражните органи.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.