Законот за сурогат мајчинството е премногу либерален и треба да претрпи измени

16.05.2018 | 20:43
Прочитано: 1414

И три години по носењето на законот за сурогат – мајчинството, остануваат бројни правни и психолошки дилеми. Законот е спорен во повеќе сегменти – сметаат дел од правниците.

Со актуелните законски решенија право на сурогат мајчинство имаат само брачни двојки, што спред правниците е дискриминаторски.

Професорот Мицковиќ од правниот факултет вели дека спорно е и тоа што постои дисркиминација помеѓу мажите и жените, бидејќи жената сама може да се јави како корисник на вештачко оплодување, но не и мажот. Затоа вели Мицковиќ, потребни се измени во законот.

„Во основа ние имаме многу либерален закон што го легулира сурогат мајчинството и тој закон е спорен во повеќе сегменти. Прво, спорно е тоа што се предвидува договор за сурогат мајчинство да можат да склучуваат само брачни парови, за разлика од тоа во сите други ситуации во законт за биомедицинско потпомогнато оплодување се предвидува и вонбрачни партнери да можат да бидат корисници на вештачко оплодување, а и сами жени“ - вели Дејан Мицковиќ – Професор на Правен Факултет.

Според психолозите станува збор за чувствителна тема,како од правен така и од психолошки аспект.

„Според она што го имаат покажано досегашните истражувања, во сурогат мајчинството постои висок ризик од аспект на емоциите, како кај мајките, така и кај децата. Забележана е зголемена агресија кај децата кои се добиени по пат на сурогат мајчинство, наведе Фрицханг, заклучувајќи дека мора да се спроведуваат психолошки советувања и со сурогат мајката и со семејството кое ќе го земе детето, пред бременоста, за време на бременоста, како и шест месеци по завршувањето на постапката.“ - вели Ана Фрицханг– Професорка на Филозофски Факултет.

Поради сите овие дилеми, во многу европски земји, како Франција, Италија, Германија, сурогат мајчинството е забрането. Во Македонија од 2015-та е дозволен ваквиот начин на оплодување. Во министерството за здравство отворен е регистар и за брачни двојки кои сакаат да добијат бебе и за жени кои сакаат да бидат сурогат мајки. Првото бебе од сурогат мајка беше родено лани.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.