Законот за јазиците повторно пред пратениците

14.03.2018 | 12:37
Прочитано: 680

Собранието на Македонија денеска во 13 часот треба да го почне продолжението на 32.седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците. Засега нема официјални информации дали ќе се расправа за амандманите или пак пратениците ќе се изјаснат само за законот.

Премиерот Зоран Заев во понеделникот изјави дека очекува неделава да биде затворено прашањето за Законот за употреба на јазиците. Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи вчера од Брисел повтори дека не се сомнева во уставноста на законот, што е оспорувано од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и рече дека Владата самоиницијативно ќе го испрати законот до Венецијанската комисија за проверка. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека пратениците од неговата партија ќе учествуваат на денешната седница, но побара отворање на амандманска расправа.

Во Собранието денеска се најавени и две други седници и тоа 11. и 35. седница, како и седница на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.