Законот за јазици пред финалето

13.03.2018 | 17:18
Прочитано: 8097

Законот за јазиците пред финале, утре на гласање и тоа без амандмами, ова според најавите и од СДСМ и од ДУИ  е сценариото по кое ќе се одвива утрешната седница. Собрансикиот спикер на денешната координација не кажал детали како ќе го изигра моментот со над 35 000 амандмни, сепак неофицијално тој ќе се повика токму на ставот кој што и претходно го имаше кажано дека амандманите се незаконски, бидејќи произлегуваат од забелешките на Претседателот кои најголем дел се за неусогласеност на законот со уставот.

Џафери вели  собранието не може да толкува Устав  и токму затоа за амандманите нема основа да бидат прифатени. Дека законот ќе помине без амандманиза тв 24 најавијапартиски извори, уште во саботата, а вчера индиректно потврди и премиерот Заев. Денеска од партијата на Заев се амнестираат од амандманите.

„Одлуката за амандманите е право на Претседателот на Собранието. Дебатата за законот предолго трае, и законот е предолго во процедура, а и два пати е гласан и треба што поскоро да се донесе.“

Од ДУИ само кусо повторуваат дека законот одамна е завршена работа и го повикуваат и ВМРО-ДПМНЕ да гласа. И додека мнозинството се подготвува за конечниот чекор за законот, опозиционерите ги повикуваат на разум, но и ги предупредуваат на последиците.

„Затоа уште еднаш за последен пат повикувам за разум. Да се избегне едно девијатно однесување во Парламентот, насилно усвојување на овој закон и повикувам на почитување на Деловникот и разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, која што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува за време на утрешната седница на Собранието. Сето останато ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние кои што ќе го поддржат во таа постапка.“- изјави Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Тв 24 веќе објави дека кривични пријава ќе заработи Џафери, но од опозицијата најава и за блокада на Собранието, на утрешната седница, како и на напуштање на дијалогот за реформските закони. Законот за јазици е дел од коалицискиот договор за формирање на Влада меѓу Али Ахмети и Зоран Заев, и решение на кое подолг период работеа партиските работни групи. Со него албнскиот јазик влегува во комуникацијата на граѓаните со сите владини  институции, претпријатија и агенции, ако и во судството и Јавното обвинителство на цела територија на државата.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.