Законот за јазици го вжешти Собранието

14.03.2018 | 17:13
Прочитано: 3394

Еден час пред најавената седница за законот за јазици, демонстранти се собраа пред законодавниот дом. Без официјален организатор, велат дека се собрале по повик на социјалните мрежи. Дел од демонстрантите изјавија дека не се прашани за законот и не сакаат тој да се донесе.

„Нека си го одлучуват народ, тука има народ кој треба да се сослуша. Дали нашите имаат партии во Албанија, Грција, Бугарија?“ - велат граѓаните.

Критики кон европските претставници ниту овој пат не изостанаа. Граѓаните кои добија можност да се обратат на микрофонот им порачаа на меѓународните претставници дека не се добредојдени.

Дел од демонстрантите не штедеа пцовки и закани, а имаше и онакви кои бесот вербално го истурија врз новинарите. Присутните рекоа дека ќе протестираат додека актуелните власти не се откажат од законот, кој според нив, е неуставен. Протестот помина под силно полициско обезбеднување, а сообраќајот околу Собранието беше затворен.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.