Закон за употреба на јазиците - ќе има ли амандмани за забелешките на Иванов?

19.01.2018 | 09:44
Прочитано: 2568

Забелешките на претседателот Иванов во однос на Законот за употреба на јазиците, на кој не го стави својот потпис, се во рацете на собранискиот спикер Џафери. Како што информираат од неговиот кабинет, тој ќе ги разгледа и в понеделник на координација ќе ги достави до пратениците, а се очекува да закаже и седница на која ќе се разгледуваат евентуалните амндмани.

Лидерот на ДУИ пак Али Ахмети смета дека амандмани се излишни. Законот и по втор ќе биде изгасан во изворна форма.

„Прашањето за амандамните е тоа е прашање кое отвара многу патишта и непотребна дебата и е исцрпена секоја буква на Уставот кога го подготвувавме и предлагавме. Секое делување во овој правец на отварање на теми  кои ја брануваат ситуацијата, е непотребно.“ - изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.
 
Владејачките партии го повторија разочарувањето од потегот на претседателот. Опозицијата, пак го оцени како државнички чекор. Сите велат дека прво ќе ги разгледаат насоките на Иванов, па ќе одлучат дали ќе поднесат амандмани.

„Ние сме во очекување на она што го најави Иванов, дека ќе достави забелешки и во моментот кога ќе ги достави, студиозно ќе ги разгледаме и че донесеме одлука како ќе постапиме.“ - изјави Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ.

„Ги разгледуваме сите опции и ги разгледуваме сите констатации на Иванов и наредниве денови че ве запознаеме со нашите чекори.“ - изјави Влатко Ѓорчев, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголем број од забелешките се однесуваат на тоа дека членовите од законот не се во согласнсот со амандманот пет од Уставот. Закон со просто мнозинство, предизвикува промени во системски закони за кои е потребно двотретинско мнозинство, што за Иванов претставува злоупотреба.

„Законодавецот предвидел дека употребата на друг службен јазик во различни постапки е предмет на други закони со кои се уредени постапките и тие, заради начелото на материјата што ја регулираат, се донесуваат со апсолутно и 2/3 мнозинство“ - стои во забелешките на Иванов.

Законот за јазици ја подели и експерската јавност, но и меѓународната јавност околу итноста на носењето на законот и неговото европско знаменце. Законот беше дел од договорот Заев Ахмети за формирање Влада.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.