Закон за финансиска поддршка на инвеститорите

13.02.2018 | 18:02
Прочитано: 2944

Дали странските инвеститори кои добиваат државна помош и понатаму ќе бидат привелигирани во однос на домашните. Новиот закон со кој требаше да се изедначат се уште не е готов, а дел од стопанствениците сметаа дека законското решение се носи предоцна. Според домашните бизнисмени, за да може и тие да користат помош еден од условите предвидени со мерките за економски раст е завршната сметка на компаниите која се поднесува во март.

„Премногу се одолговлекуваше на текстот имајќи во предвид дека мерките владата ги донесе дури во септември 2017 година и во целиот овој временски период можеше да обезбеди и консултација со бизнисот и добар текст на законот. Бизнисот не може да трпи одолговлекување и сметаме дека тоа би имало негативен ефект. Штом се објави законот да видиме какви рокови се предвидуваат при аплицирање за овие субвенции“ , изјави Дриљон Исени, извршен директор на Стопанска комора на северозападна Македонија.

Исени се сомнева и во примената. Вели дека и претходно се носеле добри законски решенија но нивната примена била селективна.
Сојузот на стопански комори засега без коментар. Стопанската комора на Македонија ќе чека прво да го види текстот, па да го каже својот став.

„Коморота очекува во најскоро време да ја види содржината на самиот закон и врз основа на консултации со компаниите членки да изгради конкретен став по истиот“, велат од Комората.

Министерството за економија не одговори зошто се доцни со законското решение. Предложениот текст на законот според нив ќе биде објавен в четврток, по што сите засегнати ќе можат да си го кажат своето мислење.
Вицепремиерот Анѓушев, очекува новиот закон да биде донесен до крајот на март, а мерките се веќе дефинирани во владиниот план за економски раст и важат подеднакво и за сите.

„Апсолутно роковите ќе бидат запазени и тоа ќе биде компатибилно со поднесување на завршните сметки на компаниите на Република Македонија, коишто треба да бидат завршени до крајот на февруари, оваа година“, рече  Анѓушев.

За економскиот развој во буџетот оваа година предвидени се 50 милиони евра.  Помош е предвидена за компаниите кои ќе даваат поголеми плати од 300 евра, странските компании кои ќе соработуваат со домашните исто така ќе добијат субвенции, а ќе се субвенционираат и бизнисите кои ќе освојуваат нови пазари.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.