Захариева: Се радувам дека има напредок во преговорите меѓу Атина и Скопје

13.02.2018 | 13:29
Прочитано: 856

Се радувам поради тоа што има напредок во преговорите меѓу Атина и Скопје, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, одговарајќи на новинарско прашање за спорот за името меѓу Грција и Македонија.

„Тоа е билатерално прашање и да ги оставиме Атина и Скопје да ги водат преговорите со посредство на Обединетите нации, нагласи Захариева и посака успех во преговорите“, јави БТА, пренесува МИА.

Во Бугарија, која е актуелен претседавач со Европската унија, на 15 и 16 се одржува неформален состанок на Советот за надворешни работи (Гимних), на кој ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.