Загина возач на цистерна која излета од патот во близина на Делчево

19.03.2018 | 19:25
Прочитано: 6284

При излетување на цистерна на патот во село Ѕвегор, делчевско, попладнево загина возачот М.Б., објави порталот Делчево 365.

Според д-р Гоце Стојменовски, вработен во делчевската брза помош, причината за извртувањето на цистерната бил срцев удар кој настанал додека возачот управувал со возилото. По дојавата итната медицинска служба со свое возило и дежурниот лекар се упатила на местото на настанот, но било доцна да се спаси возачот М.Б роден 1963 година.

Според очевидци среќа во несреќа е што сообраќајот во тој дел бил со послаб интензитет и тоа цистерната не се превртела целосно бидејки товарот кој го носела бил лесно запалив и можеле да настанат посериозни последици.

На лице место на настанот излегла и екипа на ПО од ОН Делчево која допрва ќе утврдува дали имало и други причини за настаната сообраќајна несреќа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.