Загина акробат на светски познатиот циркус „Cirque du Soleil“

19.03.2018 | 03:10
Прочитано: 4523

Светски познатиот циркус Cirque du Soleil повторно се соочи со голема трагедија, за време на настапот во Тампа Беј на Флорида. 38 годишниот Јан Арнауд им подлегна на повредите откако падна од височина од пет метри при изведување на неговиот „циклон“ потфат во точката „Волта“, откако не успеал да ја дофати жицата. Овој искусен акробат, овој потфат го презентираше на неговиот инстаграм профил, дента пред фаталниот пад.

За време на изведбата на точката „Волта“, Арнауд прерано го испуштил јажето и не успеал да ја дофати жицата што му била предалеку за да дојде до неговиот партнер во точката. Целата точна е снимена на мобилните од присустните, а колегите и дел од посетителите притрчале да му пружат помош, но бил без знаци на живот. Арнауд веднаш е префрлен во болница, каде по еден час им подлегнал на повредите. Ударот со главата на подот довел до фаталниот исход.

Овој светски познат циркус зад себе има многу трагедии при изведување на опасни акробации, кои секогаш се изведуваат без заштитна мрежа. Од 2013 годин, ова е петта трагедија во која страда искусен акробат. Циркусот веќе ги откажа следните настапи и испрати соопштение за трагедијата.

„Шокирани сме и скршени од трагедијата. Арнауд беше со нас повеќе од 15 години и го сакаа сите кои го познаваат“ - се вели во соопштението.



The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.