Загадување од фабрика за рудник и вар во Велес

24.04.2018 | 19:38
Прочитано: 1415

Побелена е реката тополка во последните пет километри до својот влив во Вардар. Испуст за отпадни води кој доаѓа од каменоломот и фабриката за вар, се слева во оваа река кај велешката населба Превалец. Жителите велат дека ова е речиси секојдневна појава, а често страдал и рибниот фонд.

„Се има случено помир на риви од што се испушта вар.“ - вели Јован Здравевски – жител на велешката населба Превалец.

Испуштањето на отпадната вода во тополка продолжило и четири месеци по забраната која инспекторатот за животна средина му ја издал на каменоломот. Оттаму потврдуваат дека оваа фабрика добила забрана за испуштање неквалитетна вода во реката, но и дека поплаките од граѓаните продолжиле.

Пред два дена, телевизија 24 објави дека жителите на населбите Тунел и Превалец се гушат во прашина од каменоломот кој се наоѓа на само неколку метри од куќите.

„Исфрла јаловина од јагленот, исто е како облак да доаѓа.“ - вели Јован Здравевски – жител на велешката населба Превалец.

„Мали деца го дишат тој воздух и ние.“ - вели Никола Стојковски – жител на велешката населба Тунел.

„Не смееме кога има магла не смееме да отвориме прозор.“ - вели Лилјана Тодоровска – жителка на велешката населба Тунел.

Директорот на инспекторатот, Фејзула Спахија вели дека каменоломот е под постојан инспекциски надзор, но било тешко да се фати загадувачот на лице место. Спахија слушнал од жителите дека загадувањето се случувало во утринските часови или во викенд. Ова е снимка од мобилен телефон која граѓанин ја направил во неделата. На неа се гледа дека од оџакот излегува чад кој се движи кон куќите во населбата Тунел. Овие фотографии пак, ни ги испратија жители од истата населба, на кои се гледа облакот од прашина близу нивните дворови.

Каменоломот има еколошка дозвола за работа и работи според сите прописи, вели во телефонски разговор сопственикот на каменоломот и на фирмата „Тегхно павер“, Јован Јовчев. Според него, немало масовни поплаки од граѓани, туку неколку поранешни вработени, избркани од работа ги правеле проблемите. Тој обвинува дека инспекторите и некои граѓани се обидувале да го рекетираат, а тој не дозволил, па затоа му правеле негативна кампања. И додека препукувањата траат, инспекторатот деновиве ги очекува резултатите од последното испитување, по што ќе одлучи што ќе преземе.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.