Заев во Брисел со Могерини

18.12.2017 | 19:02
Прочитано: 825

Премиерот Зоран Заев со неговите колеги од земјите од Западен Балкан, вечерва во Брисел ќе присуствува на неформален состанок на покана на високата претставничка на Европската Унија, Федерика Могерини. На третиот неформален состанок на премиерите со Могерини ќе стане збор за актуелните настани во регионот и за перспективите за 2018 година, кога на европските партнери во регионот ќе им биде понудена единствена можност да напредуваат на патот на интеграција во Унијата.

Европската Унија е посветена на засилување на ангажманот кон земјите од регионот со цел да обезбеди шесте држави од Западен Балкан да ги преземат потребните чекори за нивното напредување кон Унијата да стане неповратно, се наведува во соопштението од ЕУ.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.