Заев: Сработивме и очекуваме кристално чиста препорака од Брисел

17.04.2018 | 17:50
Прочитано: 1072

Македонија утре ќе добие безусловен старт на преговорите со ЕУ, објавува државната агенција МИА, која дошла до нацрт текстот од извештајот кој ќе биде објавен утре. Извори на МИА сепак тврдат дека одредени делови од формулацијата можат да бидат променети.

„Во светло на постигнатиот напредок, ЕК препорачува преговорите за членство да започнат со Поранешната југословенска Република Македонија. Одлучувачки ќе биде задржувањето и продлабочувањето на сегашниот реформски чекор за итните реформски приоритети. Со цел да го поддржи ова, ЕК би го применувала засилениот пристап за преговарачките поглавја во областа на судството, фундаменталните права и правдата, слободата и безбедноста во земјата, стои во делот на извештајот на ЕК што се однесува на нашата земја“ - Нацрт – извештај на ЕК

Извештајот понатаму вели дека Македонија во голем дел ја надмина длабоката политичка криза. Потребните структурни реформи се бавен процес за што ќе бидат потребни години и штетата направена во последните години нема да биде поправена преку ноќ. Евопската комисија додава дека покрај тешкотиите поради отсуството на главната опозициска партија од декември до крајот на јануари, главните стратегии и закони беа усвоени на крајот на декември и февруари и многу други се во подготовка. Премиерот Заев вели дека Македонија заслужува чиста препорака но и дека за Владата формулациите се важни.

„Сработивме и Македонија заслужува кристално чиста препорака, важени ми се зборовите во таа препорака, затоа што тоа за нас е или охрабрување  или обесхрабрување. После ова препорака Македонија продолжува со реформите“, вели  Зоран Заев - претседател на Владата на РМ

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини пред утрешното објавување на извештајот вели дека унијата остава отворена врата за регионот.

„Западен Балкан е стратешки регион за Европа. Тоа е Европа, иако сé уште не е целосно дел од ЕУ“, вели  Федерика Могерини - шеф на европската дипломатија

Могерини и еврокомесарот Хан за два дена доаѓаат во Македонија, а шефицата на европската дипломатија во четврток ќе се обрати и пред пратениците во македонското Собрание.


Сеад Ризвановиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.