Заев прифаќа тв дуел со Мицкоски

16.05.2018 | 20:22
Прочитано: 1505

Премиерот е подготвен во секое време да дебатира на лидерски ТВ дуел со Христијан Мицкоски, само треба да се прецизира времето и локацијата. Отвореноста е основниот принцип на работа на Зоран Заев, изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Мицкоски првично побара средба со Заев за да разговараат околу средбите со грчката дипломатија за прашањето за името, но вчеравечер побара оваа средба да се одржи во некоја од националните телевизии.

 „Наместо во неговиот кабинет го повикувам да се соочиме на телевизија во четири очи пред граѓаните на Македонија како и за што преговара, но ида дискутираме за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, немањето реформи во образованието, здравството“, вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ
 
 „Премиерот Заев е спремен во секое време и на било која национална телевизија да дебатира на сите теми од интерес за јавноста на евентуален лидерски дуел. Апсолутно истиот ќе се случи“, вели Миле Бошњаковски – портпарол на Влада на Р.М

Македонската телевизија денеска ги покани Премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според уредникот на информативната програма на телевизијата, двајцата опоненти би разговарале за актуелните политичко-економски теми, а датумот за ТВ дуелот би се утврдил по координација со кабинетите на двајцата лидери.


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.