Заев: Пратениците треба да ја одредат иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ

10.10.2018 | 13:52
Прочитано: 788

Во Собранието почна седницата на Комисијата за уставни измени на која на дневен ред е Предлогот за пристапување на измени на Уставот во согласност со Договорот од Преспа.

Премиерот Зоран Заев, кој го образложи предлогот на Владата, истакна дека од досегашниот увидот и реакциите на јавноста нема ништо спорно во предлогот за уставни измени, што по одлуката на Владата веднаш беше објавен, повикувајќи ги пратениицте да се обеиднат околу стратешките цели на земјата.
 
За стручната и експертска јавност, оцени тој, измените се согласно меѓународните стандарди.
 
- Оваа иницијатива се покренува во согласност со законите и институционалните постапки, рече Заев кој потенцираше дека пратениците се тие кои треба да ја одредат иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ и дека треба да се изјаснат по своја волја. Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените - рече премиерот.
 
На седницата присуствуваат пратеници од сите пратенички групи вклучувајќи ги и ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа „против" дневниот ред на седницата. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.