Заев побара пратениците да ги поддржат уставните измени,опозицијата му одговори-нема да имaш 80 гласа

10.10.2018 | 21:14
Прочитано: 2770

Во полна сала, со аплаузи и дијаметрално спротивни позиции – власта и опозицијата ги вкрстија копјата околу уставните измени со кои договорот од преспа треба да биде имплементиран.

Премиерот Зоран Заев го образложи предлогот за пристапување на измените кој содржи четири амандмани и рече дека не содржи ништо спорно. Очекува поддршка од пратениците да гласаат по сопствено убедување и без притисоци.

Пратениците немаат мандат за промена на уставното име и нема да се обезбедат 80 пратенички гласови – поранешниот спикер и актуелен пратеник од опозициската ВМРО ДПМНЕ тврди дека процесот околу договорот со Грција е неуставен и дека тесна политичка група не може да одлучува во името на граѓаните.

Министерот за надворешни Димитров вели дека собраниската процедура која започна денес е поради неучеството на опозицијата на референдумот. Според него, ако опозицијата водеше кампања и мнозинството гласови беа против, уставот немаше да се отвори. Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ вели власта и опозицијата треба заедно да седнат на маса и да бараат подобро решение.

Според деловникот, комисиската расправа може да трае најмногу 10 дена, исто и пленарната седница за прифаќање на владиниот предлог, на која ќе бидат потребни 80 гласа за да продолжи постапката. Во втората и третата фаза се утврдување на нацрт амандманите и усвојување на измените во Уставот, но само со двотретинско мнозинство кое се уште е неизвесно.

 


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.