Заев: Не е трагедија решение за името да има и наесен

15.05.2018 | 17:15
Прочитано: 3515

На крајот на јуни на Самитот на Советот на Европа се очекуваат конечни датуми за почеток на преговори за спорот со името. Премиерот Заев вели дека ова е посакувано сценарио од страна наша страна, а е значајно и она што е постигнато досега. На Самитот се очекуваат првите правно-формални одлуки што се однесуваат на Македонија.

„Посакуваме да се најде крај на решението, но се по секоја цена. Не е чудно тоа да се случи дури во септември октомври. Јас се надевам уште на самитот во јуни да добиеме некакво решение што е посакуввано сценарио од наша страна.“ - изјави Заев.

Премиерот вчеравечер телефонски разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кој бара лидерска средба за досегашните разговори со грчката дипломатија. Заев рече дека во секое време е спремен да сподели се со претседателот на опозицијата за прашањето кое е од национален интерес.

Пред изјавата на Премиерот, генералниот секретар на опозицијата побара од Заев да одговори на повикот на итна лидерска средба на која ќе присуствуваат и лидерите на останатите политички партии заедно со Претседателот Иванов. Од партијата велат дека единствените информации со кои располага македонската јавност се од грчките медиуми.

„Јавноста, граѓаните, сите Македонци имаат право да ја знаат вистината. Прашањето за името не е суверено право на Заев и тој не смее да се однесува како да има монопол кон истото. Господине Заев излезете јавно и кажете што се преговара и што е она што следи. Целата оваа ситуација наликува на процес во кој Македонија ја ставате пред свршен чин. Дали решението кое го договарате или веќе сте го договориле значи капитулација на Република Македонија.“ - изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ..

Според грчкиот весник „Катимерини“, постои веројатност Заев и Ципрас да се сретнат и во среда навечер и четврток наутро. Катимерини пишува дека тема на разговорот ќе биде склучување на меѓународен договор што ќе треба да е одобрен од парламентите на двете земји.


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.