Заев: Нашата генерација има чест да се избори за европската иднина

11.10.2018 | 13:39
Прочитано: 3036

Храбрите борци во 1941 година со својот избор и со организираните партизански единици на народноослободителното движење го завршија делото наречено држава, Македонија, избраа да ги положат и животие за да изградат од новата држава, светилиште на слободата и да им ја даруваат на идните генерации како завет да ја чуваат и унапредуваат, рече пред присутните премиерот Зоран Заев на Спомен Костурницата во Куманово на одбележување на 11 Октомври, Денот на востанието на Република Македонија.

Делегации од Сојузот на Борците, од Владата, предводена од премиерот Заев, од Собранието, од Кабинетот на претседателот, од АРМ, МВР, општините Куманово и Прилеп, дипломатскиот кор, бројни установи, институции, училишта, граѓански организации, кумановци денеска положија цвеќе пред Спомен Костурницата во Куманово.

Навраќајќи се на историјата и почетокот на востанието на граѓаните против фашистичкиот окупатор, премиерот пред бројните граѓани истакна дека празнувањето на ваквите денови покажува оти македонскиот народ тогаш кога е најпотребно демонстрира храброст и истрајност.

Слободољубивите државотворци, рече тој ден решија да ја направат Македонија дом на слободата, да се вклучат во победничкиот сојуз на држави кои се кренаа против фашимзот, и да ја создадат Македонија, додавајќи дека ова е завет кој не смееме да го прекршиме.

На одбележувањето на Денот на востанието, премиерот истакна дека раѓањето на макдонската држава е резултат и на личната одлука на секој учесник во НОВ, дека тогашната генерација ја препознале историската шанса и го остварија вековниот сон за своја држава.

Секоја генерација, додаде тој, треба да се запраша како од Македонија да се направи подобро место за живеење.

- Секоја генерација е должна да ги проширува видиците, секој граѓанин на нашата држава и да реагира тогаш кога некој го блокира, го оневозможува развојот. Ова должност и одговорност најмногу им припаѓа на политичките лидери, на народните претставници. Затоа мораме да продолжиме одлучно и храбро во оставрувње на нашта стратешка цел во оваа фаза од нашата историја, побогато општество и повеќе можности за сите, членство во НАТО, а потоа и членство во ЕУ, рече Заев.

Мисијата додаде, е борба за економски развој, нови работни места, инвестирања во образованието, здравството, патиштата, железници, помош за земјоделците, безбедна иднина на младите.

- Нашата мисија денеска е исполнување на стратешките цели кои овозможуваат реализација на овие приоритети, сега е време да докажеме на последните скептици дека Македонија е новата ѕвезда во европското соѕвездие, рече Заев.

Во говорот, истакна дека вистинските патриоти презмаат акции и го почитуваат минатото на својата земја, но многу поважен е нивниот поглед кон иднината.

- 11 октовмри 2018 е дел од востанието на нашата генрација оваа е востание на гласот, тој глас со кој ќе ја осигураме иднината на слободна, независна, европска, просперитетна Македонија, тој граѓански глас ги повика институциите да ја овозможат евроатланатската иднина на генерации во нашата Македонија, рече Заев.

На одбележувањето на празникот во Куманово истакна дека сега е редот на народните избраници во Собранието кои се исправени пред историска одлука за иднината на Македонија.

- Пред 77 години борците од НОВ отпочнаа борба за иднината, а нашата генерација ја има таа чест да се избори за европската иднина на Македонија, денес изборот за членство во ЕУ И НАТО го одредува нашиот патриотизам, истакна Заев.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.