Заев најави консултативен референдум и можно прашање-„Дали сте за ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот со Грција“

18.07.2018 | 23:16
Прочитано: 6184

Заврши лидерската средба која се одржа во Клубот на пратеници. Премиерот Заев рече дека на средбата разговарале за референдумското прашање и можноста да биде консултативен.

На средбата разговараме за можното референдумско прашање во насока на „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?“ Во услови кога Собранието треба да донесе некоја важна одлука, референудмот да биде консултативен, пред Собранието да донесе важна одлука. Сепак волјата на граѓаните сите партии ќе треба да ја почитуваат. За ова разговораме сите кои останавме на средбата до крај, рече Заев.

Заев го осуди демонстративното напуштање на Мицкоски, кој ја напушти средбата со образложение дека не му бил јасен концептот зошто претставници на сите парламетнарни партии не се присутни. Тој, како што кажа, го повика премиерот најдоцна до понеделник да организира средба во потесна форма како што претходно се одржувала, со присуство на лидерите на четирите најголеми партии, СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициска партија на Албанци.Заев соопшти дека за утре во 12 часот е закажана уште една лидерска средба во помал состав на која, како што истакна, Мицкоски ќе може да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ, како и дали е за тоа граѓаните да одлучуваат за иднината на Македонија.

- Ако Мицкоски е за НАТО и ЕУ требаше да седи со сите лидери тука и да носи одлуки за иднината на државата, но одлучи да избега од ова историски најважно прашање за македонската иднина, потенцираше Заев.

Заев потенцираше дека глвни стратешки цели се членството во НАТо и ЕУ и има опција избори за да успеат тие цели. Тој потенцираше дека по пат на дијалог ќе успеат да го договарат и прашањето за изборот на Државната изборна комисија. Тој нагласи дека законот треба да се спроведе и да не се дозволи преспективите за влез во НАТО и ЕУ да се блокираат.

Во врска со референдумот, Заев изјави дека очекува секој политички субјет да ја обезбеди успешноста на референдумот и дека граѓаните се конечни во своте одлуки.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.