Заев на Фејсбук: Македонија и Бугарија имаат искрено пријателство и соработка

10.08.2018 | 17:13
Прочитано: 2336

Нема дилеми дека пријателството меѓу Македонија и Бугарија се искрени напиша денеска на својот Ф.Б профил премиерот на  Р.Македонија Заев по бурата реакции од бугарската но и домашната јавност во врска со едно од последните негови интервјуа во кои тој говореше за Илинденското востание . Објаснувајќи ги своите ставови на својот статус тој напиша

Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство.

Во текстот тој понатаму им се заблагодарува и на премиерот на Бугарија Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева за нивната досегашна помош. Ваквиот статус бугарските медиуми пак го протолкуваа како отворено извинување кон Бугарија од страна  на Заев за изреченото дека Илинденското востание е Македонско. Бугарскиот премиер Борисов пак веќе во изјавата која ја даде за медиумите порача Заев да внимава какви изјави дава бидејќи на Македонија повторно ќе и биде потребна помошта од Бугарија.

„Ги оставам сите да ги премеруваат своите приказни, тоа е на негова сметка. Без разлика дали го кажал тоа намерно или ненамерно, се оди на негова сметка, бидејќи кога станува збор за ЕУ и ние мораме исто така да дадеме согласност, а ние во тие моменти ќе се сетиме на тие работи. Мој совет е да се биде повнимателен“, вели Бојко Борисов – премиер на Република Бугарија

Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство.

Во едно од неодамнешните интервјуа пак и бугарската министерка Екатерина Захариева изјави дека Илинденското востание географски и припаѓа на Македонија но историски на Бугарија. Изјава која исто така предизвика бура од реакции и во Македонија и во Бугарија. 


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.