Заев бара пратениците да ги поддржат уставните измени, опозицијата му врати дека нема да има 2/3 мнозинство

10.10.2018 | 17:20
Прочитано: 2030

Во полна сала, со аплаузи и дијаметрално спротивни позиции – власта и опозицијата ги вкрстија копјата околу уставните измени со кои договорот од преспа треба да биде имплементиран.

Премиерот Зоран Заев го образложи предлогот за пристапување на измените кој содржи четири амандмани и рече дека не содржи ништо спорно. Очекува поддршка од пратениците да гласаат по сопствено убедување и без притисоци.

„Не е лесно ова прашање, но на нив се препознава лидерство. Интерграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, не може да биде попречена од каква бвило закана и обид за заплашување, поткуп или друго. Сега е време, сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените и зедно да ја однесеме Македонија напред.“ - изјави Зоран Заев.

Пратениците немаат мандат за промена на уставното име и нема да се обезбедат 80 пратенички гласови – поранешниот спикер и актуелен пратеник од опозициската ВМРО ДПМНЕ тврди дека процесот околу договорот со Грција е неуставен и дека тесна политичка група не може да одлучува во името на граѓаните.

„Изјавувам како пратеник дека немаме мандат, ниту намера да учествуваме во обидот за менување на уставот што е спротивно на референдумската одлука на народот.“ - изјави Трајко Велјановски – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според деловникот, комисиската расправа може да трае најмногу 10 дена, исто и пленарната седница за прифаќање на владиниот предлог, на која ќе бидат потребни 80 гласа за да продолжи постапката. Во втората и третата фаза се утврдување на нацрт амандманите и усвојување на измените во Уставот, но само со двотретинско мнозинство кое се уште е неизвесно.


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.