Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец

15.12.2017 | 20:41
Прочитано: 1595

Потпишани договори, меморандуми  за подобрување на односите меѓу двете земји, поголема соработка во делот на инфраструктурата, образованието и културата е епилогот од денешната прва заедничка седница мегју премиерите Зоран Заев и Еди Рама во албанскиот град Поградец.

После првата седница зад затворени врати главната порака која ја испратија двајцата колеги  се големите очекувања дека  Македонија И Албанија идната година ке ги почнат преговорите за интеграција во Европската Унија.

Премиерот Заев посебен акцент стави на транспрентноста на двете влади за кои реце дека работат искрено, чесно и транспарентно за подобрување на животот на граѓаните. Според Заев соработката меѓу двете земји ке ја зајакне и усвојувањето на законот за јазиците, за кој рече дека е еден чекор понапред во формирање цврсти пријателски односи меѓу двете држави. Според албанскиот премиер Рама пак, денешната седница е потврда дека на Макеоднија и Албанија и претстои светла  иднина.

Инаку денеска во Поградец освен премиерот Заев, присуствуваше и владиниот тим во полн состав. Домаќинот Рама гостите ги пречека со воени почести, интонирање на химни, а веднаш потоа се одржа и првата заедничка седница меѓу двете влади.

 


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.