Задолжителни гинеколошки прегледи за намалување на смрноста на новороденчињата

21.02.2018 | 17:36
Прочитано: 2099

Редовните гинеколошки прегледи кај жените да бидат со закон обврзани –  ако не ги направат прегледите да го изгубат правото на здравствено осигурување - ова е една од мерките според д-р Гуржанова која би можела да придонесе за намалување на стапката на смртност кај новороденчиња.

Ваква пракса имаат голем број на европски земји и според неа, тоа може да помогне во навремено дијагностицирање на проблеми во бременоста кај пациентките а со тоа и навремен третман од страна на лекарите.

„Би требало да биде обврзано со здравственото осигурување како во некои европски земји. Ако не го направи тој преглед на годишно ниво заедно содругите прегледи, нема да може да може да биде осигурана наредната година на тој начин, жената што ќе се обврзе да го прави, навремено и ние ќе откриеме нешто што ќе третираме. превенцијата ни е на ниско ниво.“ - вели д-р Татјана Гуржанова – Специјалист акушер, гинеколог „Њуборн клиник“ 07.43 – 08.21

Приватното здравство исто така може да се вклучи во намалувањето на стапката на смртност на новороденчиња. Државата би можела да склучува договори за породување и со приватните болници, а пациентките и кај приватен гинеколог да добиваат бесплатен ПАП-тест и скрининг. Факт е вели д-р Буржанова дека постојниот систем не одговара на потребите на пациентите и потребни се итни промени.

„Треба да се растерети и работата на матичните гинеколози и да се размислува за системот на примарната здравствена заштита и да се подели работата на приватните не само на матичните кои имаат догвоор со фондот. На тој начин ќе бидат мотивирани матичните и помалку работа ќе има.“ - вели д-р Гуржанова.

Министерот Филипче најави неколку мерки со кои ќе се намалува стапката на смртност.
И додека надлежните со години наназад носат мерки и стратегии, последниот извештај на УНИЦЕФ и оваа година ја рангираше Македонија како втора земја во Европа во која стапката на смртност на новороденчиња е највисока. Македонија котира полошо од сите соседни земји. Според извештајот едно од 120 новороденчиња починува во периодот до 28 денови од раѓањето. 


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.