За три месеци надворешната задолженост зголемена за 900 милиони евра

09.07.2018 | 14:16
Прочитано: 2883

Бруто надворешниот долг на Македонија во првото тромесечје од годинава стигна до 8,3 милијарди евра што значи дека сега изнесува 78,7 % од БДП.

Според официјалните податоци на Народната банка, за три месеци - надворешната задолженост на државата е зголемена за речиси 900 милиони евра, а ова е рекордно ниво на Бруто надворешниот долг.

Бруто надворешниот долг е збир од долгот на државата и долгот на банките и фирмите кон странство. А она што се отвора како прашање е динамиката на растот на долгот во однос на растот на бруто домашниот производ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.