За неполни четири месеци – МВР напишала 237 казни за сообраќајни прекршоци на улицата „Борис Сарафов“

16.04.2018 | 17:12
Прочитано: 2469

Улицата „Борис Сарафов“ во скопската населба Ѓорче Петров честопати ја нарекуваат улица на сообрајќајниот хаос. Скоро и да нема ден,  а да не се случи нова сообрајќајна незгода. Често и со фатални последици. Последната во која беше повредено десет годишно момче  го зовре трпението на граѓаните. На протести побараа поголема контрола и казни за несовесните возачи.

Жителите Ги обвинија  претходните и сегашните  власти што не нашле за сходно да го решат проблемот. Се заканија со радикализација на протестите и  бојкот на наставата во основното  училиште „Мирче Ацев“.

Утрово нашата камера на терен регистрираше низа пропусти од страна на возачите на автомобили. Многумина ја  надминуваа максималната дозволена брзина на возење. По реакциите   сообраќајната полиција на терен алармираше и пишуваше казни. Само на оваа улица изминатиов период од 4 месеци биле регистрирани 237 казни.

„Конкретно за оваа улица, МВР постојано е присутна таму и од почетокот на годината до 15 април, изречени за 237 казни за непочитување на сообраќајните правила токму на оваа улица“ - вели Тони Ангеловски – портпарол на МВР.

Се активираа и градските власти. Портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиу вели дека за овој проблем се барало  решение подолг период но поради долгата процедура за одобрување од страна на МВР не можеле да започнат со постапката за поставување на семафор.

„Од почетокот на оваа година, град Скопје во два наврата поднесе барање за поставување на семафор, но барањето беше одобрено минатиот петок. Тоа што се случи е жално, зошто ние веќе требаше да почнеме со поставување на семафорот кој скоро ќе биде ставен на улицата“ - вели Ваљон Салиу – портпарол на Град Скопје.

Десетгодишното дете синоќа додека се обидувало да  ја премине шешачката патека било прегазен од страна на 46 годишен возач на автомобил Опел Астра. Возачот според  информациите на МВР веднаш по немилиот настан го однел детето во Ургентен центар по што било префрлено на Клиниката за неврохирургија. Оттаму  информираа дека детето е во стабилна здравствена состојба, иако се здобило  со скшеници на черепот и тежок потрес на мозокот. Како што информираат од Клиниката, детето ќе подлежи на понатамошни опсервации.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.