За една година треба да почне гасификацијата на Штип
Штип за една година ќе се гасифицира. Предвидени се пари во буџетот за изработка на техничката документација. Прво би се гасифицирал индустрискиот дел, а потоа општинските институции и домаќинствата. Колку граѓаните ќе ги чини приклучувањето на гасоводната мрежа ќе зависи од бројот на корисници.
„Е во предност во однос на другите општини, затоа што веќе на само три километри од општина Штип е главната гасоводна мрежа. Главната мерна регулациона станица е веќе во состојба да може да дава гас за Штип“, вели Благојче Котески - директор на Македонски енергетски ресурси (МЕР)
Процесот ќе го води општинското Јавно претпријатие „Енерго“ што практично ќе профункционира седум години по неговото формирање.
„Очекувам во текот на оваа година ќе проектираме, ќе ги завршиме сите проектни документации со што за една година очекувам дека доколку се тече како што треба можат граѓаните на Штип да бидат сведоци на поставување на нова алтернативна инфраструктура во градот“, вели Благој Бочварски - градоначалник на Штип
Со новиот Закон за енергетика што се очекува да биде изгласан до Март ќе се решaт и сите проблеми што општините ги имаа околу градењето на дистрибутивната мрежа.
Post new comment