За еден месец во Албанија регистрирани 930 земјотреси

10.08.2018 | 10:33
Прочитано: 312

Од четврти јули кога беше регистриран првиот потрес, во близина на Драч, со јачина од 5,1 степен според Рихтер,во Албанија продолжува сеизмичната активност.

Последниот 930-ти по ред е регистриран вчера со епицентар на Кепи и Родонит, на Јадранско Море,кај Драч,со јачина од 3,8 степени.

Земјотресите главно се регистрирани во пошироката околина на Драч,како и во централниот дел на земјата.

Според сеизмолозите од албанскиот Институт продолжувањето на потресите е нормална работа,бидејќи по секој поголем потрес следуваат низа помали,се додека тлото целосно не се смири.

Земјотресите предизвикаа само помала материјална штета и вознемиреност кај граѓаните.

Дел од потресите кои беа со повисок интензитет беа почувствувани и во западниот дел на Македонија,посебно во подрачјето на Дебар.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.