За две години државниот гасовод ќе стигне до граѓаните

16.01.2018 | 17:31
Прочитано: 2286

За две години гасот треба да стигне до првите потрошувачи преку националниот гасоводен систем што го гради државата. Годинава ќе бидат изградени 80 километри гасовод за што во буџетот се обезбедени околу 40 милини евра. Министерот Сугарески очекува до 2020 година да биде изграден кракот на гасоводот од Неготино до Битола, а до крајот на 2019 година и да биде готов делот од Скопје до Гостивар со крак кон Тетово.

„Тоа што е посебно важно за Македонија дека гасификацијата ќе стигне до сите општини. Очекувам да бидат распишани јавни повици за интерконекциска врска и со Грција и со Бугарија.“ - вели Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Директорот на Македонски енергетски ресурси вели дека годинава парите не се проблем. Средства се обезбедени и за градба и за решавање на имотно-правните односи. Оваа година интензивно ќе се работи на проблемите со експропријацијата за во наредната 2019 година да може непречено да се работи.

„Во текот на овој период, ќе се искомплетираат сите општиини и градоначалници каде поминува националната траса за гасификација, ќе ги интензивираме однсоите и ќе помогнеме на секоја општина да ги започне процесите за гасификација на општините. Со новиот закон за енергетика, општините имаат три можности, да формираат  јавно претпријатие, јавно приватно партнерство и приватна компанија штио ќе ја врши локалната дистрибутивна мрежа.“ - вели Благојче Котевски, директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР).

Во Македонија досега се гасифицирани само Струмица и Куманово. Во Скопје, иако има гас години наназад, диструбуцијата за гасификацијата не е направена. Има веќе определени магистрални кракови на кои се приклучени Топлана Запад, Клинички центар, болницата 8- ми септември и неколку  индустриски објекти. Секундарна мрежа за до домаќинствата се уште нема.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.