Вучиќ: Се залагам за разграничување со Албанците

09.08.2018 | 18:12
Прочитано: 1437

Решението за Косово и Метохију, ако воопшто се најде, мора да биде сеопфатно, а не едноставно, ниту пак упростено како што некои го замислуваат, порача денеска при посетатат на српската покраина Војводина српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој пред новинарите категорично изјави дека се залага за разграничување со Албанците, кога станува збор за изнаоѓање компромисно решение за Косово.

„Да имаме територија за која не се знае како се третира и што кому му припаѓа, тоа е секогаш извор на потенцијални судири и проблеми. Јас се залагам за разграничување и тоа не го кријам, и тоа е политиката што ја претставувам. А дали таа политика ќе добие поддршка од народот или не, ќе видиме, јас се залагам за разграничување со Албанците“, вели  Александар Вучиќ – претседател на Србија

Вучиќ нагласи дека разграничувањето не зависи само од Србија и кусо прокоментира дека за за танго се потребни двајца.

Српскиот претседател нагласи дека за разлика од Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, како и некои поедини западни представници, за кои како што рече не присуствувале на ниту едни разговори, тој не би сакал да изнесе никакви коментари, бидејќи тие само би ја нарушиле позицијата на Србија.

„Не сум неодговорен и не сакам да излегувам со некои патриотски изјави. Ја знам својата работа и и го правам најдоброто во интерес на Србија“, вели  Александар Вучиќ – претседател на Србија

Тој уште еднаш порача дека на 4 ноември нема да има ниту избори, ниту референдум,  како што прогнозираар некои поединци од опозицијата.


Анита Буховски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.