Вучиќ: Сакаме јасни граници, но успехот на таа идеја не зависи од Србија

10.08.2018 | 09:38
Прочитано: 458

Српскиот претседател Александар Вучиќ за Новости и за Блиц даде изјави во кои го објасни неговиот став за разграничување со Косово, кој го изнесе вчера за медиумите во Шид.

Тој за Новости изјави дека Србија „сака јасни граници, а не провизорни како што се денес, „во кои едно пишува, а сосем друго е на теренот.“

Дообјаснувајќи го својот став за разграничувањето, Вучиќ за Блиц изјави дека „сака земја чии граници се знаат, дефинирана земја која ја чуваме.“

Тој за овие белградски медиуми кажа дека неговата идеја за разграничување не е нова и дека таа опција ја заговара со години. Како што објасни, тој за ова има говорено повеќе пати, а не како што некои кажуваат за првпат.

„Многу пати говорев за ова, тоа не е ништо ново, а тоа што некои заради нивната совест во тоа гледаат секакви чуда и што имаат расипана фантазија, тоа веќе не го разбирам“, кажа Вучиќ за Блиц.

Како што наведе, тој не крие дека го поддржува разграничувањето и истакна дека тоа е политиката што ја преставува.

„Дали таа ќе ја добие поддршката од народот или не, јас не знам, но јас се залагам за разграничување со Албанците“- кажа Вучиќ.

Тој додаде дека не сака да изнесува одредени работи и за тоа што се преговара со Косово, бидејќи „така би ги отворил картите на Србија, за разлика од Тачи и Харадинај, одделни западни преставници, но и оние во домашната јавност кои се знаат, а никогаш не разговарале ниту присуствувале на било какви разговори.“

Тој порача дека на 4 ноември нема да бидат никакви избори, ниту референдум, како што прогнозира опозицијата.

Ставот за разграничување Вучиќ го искажа вчера за време на посетата на Шид, кога изјави дека решението за Косово мора да биде сеопфатно, а не едноставно, ниту упростено, како некои замислуваат.

„Да имаме територија за која не се знае кој како ја третира и што на кому му припаѓа-тоа е секогаш извор на потенцијални судири и проблеми“-објасни Вучиќ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.