Втор осомничен уапсен за убиството на новинарката Маринова

10.10.2018 | 17:34
Прочитано: 1914

Доцна синоќа во Германија е упасен 21-годишниот Северин Надеждов Красимиров, осомничен за убиството на новинарката Викторија Маринова. Премиерот, Бојко Борисов, министерот за внатрешни работи, Младен Маринов и главниот јавниот обвинител Сотир Цацаров на заедничка прес конференција информираа за новите детали во истрагата за бруталното убиство на Маринова, чие тело беше пронајдено во саботата во градот Русе на северот од Бугарија.

„Дел од ДНК материјалите се подготвени и даваат информации за присуство на ДНК од осомничениот Красимиров на телото на жртвата. Институтот за судска медицина работи на дополнителни информации и очекуваме повеќе докази. Северин Надеждов Красимиров, роден во 1997 во градот Русе, каде што и живее, има криминално досие од 2007 година.“ - изјави Младен Маринов-Министер за внатрешни работи на Бугарија.

Обвинителот Цацаров истакна дека постојат цврсти докази дека осомничениот пред да ја силува и потоа брутално да ја убие Маринова, цела ноќ пиел. Тој сега се товари по две обвиненија и се соочува со доживотен затвор.

„Од доказите со кои располагаме делото било спонтано, станува збор за исклучително брутален напад, заради сексуално злоупотребување на жртвата. Првото обвинение е за силување за што казната е 10 до 20 години затвор. Второто – извршување на убиство на особено суров начин, казниво со 15 до 20 години затвор или доживотен затвор или доживотен затвор без право на помилување.“ - изјави Сотир Цацаров-Јавен обвинител на Бугарија.

И покрај доказите, бугарските новинари и уредничкиот тим во ТВН каде што работеше Маринова, одбиваат да веруваат дека нивната колешка е случајно убиена.  Според нив, нејзиното убиство е предупредување до сите истражувачки новинари кои работат на случаи поврзани со корупција во владите.


Анита Буховски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.