Врховен суд ќе одлучува за притворените пратеници

20.03.2018 | 12:15
Прочитано: 567

Врховниот суд денеска на јавна седница ќе одлучува за притворите на обвинетите од настаните во Собранието на Македонија од 27 април.

На седницата се повикани пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, по што се очекува судот да се изјасни дали е потребно продолжување на нивниот притвор.

Мукоски и Василевски се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Меѓу нив е и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.