Времето денеска во Македонија, студено со снег и дожд

22.03.2018 | 09:03
Прочитано: 892

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во јужните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 литри на метар квадратен, а во североисточниот дел и над 20 литри.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од минус два до шест степени. Во Скопје слично време, облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне еден степен.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.